Мисајловски: Обвинителството молчи и нема обвинителен акт за скандалот на Онкологија
Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што во однос на скандалот на Онкологија истакна дека сето она што се случувало на Онкологија се знаело а обвинителството молчи и нема обвинителен акт и чудно е што таму постои компанија која што има монопол и е во директен дослух со власта.
„Навистина се чудам јас и целиот македонски народ како може толку долго време да нема случај да нема обвинителен акт ви текнува како за еден ден се правеа решенија притвори за нарачани прогони а сега имаме еден од најголемите случаеви во македонското здравство, случај кој ние го нарекуваме канцер мафија бидејќи навистина се тргувало со луѓе, со човечки судбини да нема истрага, некоја предистрага има. Но многу е сомнително што години наназад се знаело за сето ова. Еве денеска имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прес каде што кажа фрапантни податоци поготово што се се правело последните две години зборуваме за периодот од 1 август 2021 до 2023 август каде што фондот за здравство веќе прави истрага каде што може да се види дека се се знаело, дека тие сите проблеми сега се на површина тие постоеле. Проблемот е што никој ништо не презел“ нагласи Мисајловски.
Мисајловски посочи сето она што се случувало на Онкологија е поради пари и тендери, а за сето ова јавното обвинителство молчи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа