Мисајловски во Словенија - Тет-а-тет средба со Сајовиц

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денеска е во официјална посета на Словенија. Посетата е на покана од неговиот словенечки колега, министерот Борут Сајовиц, а во рамки на посетата, Мисајловски ќе се сретне и со Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

По свечената церемонија во Министерството за одбрана, министрите Мисајловски и Сајовиц ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете делегации.

На гробиштата Жале во Љубљана, министерот Мисајловски ќе положи венец со свежо цвеќе како почит кон паднатите словенечки борци во Десетдневната војна во 1991 година, а потоа во вилата Подрожник, ќе им додели признанија на припадниците на словенечката полиција кои беа активно вклучени во борбата со пожарите на македонска територија минатото лето.

17.02.2025 - 08:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега