Мишел била бесна на својот сопруг за време на инаугурацијата – го туркала и „врескала“
Како што знаеме брачниот пар Барак и Мишел Обама присуствуваше на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден, но привлекле големо внимание со нивното однесување.
Барак ја налутил Мишел, а таа тоа не го криела туку многу јасно му дала до знаење на сопругот дека му е лута.
Иако пред камерите се смешкале целото време, кога не биле во центарот на внимание, Мишел беснеела и викала на нејзиниот сопруг.
Досега непознатите детали ги открила Аманда Горман која што стана најмлада поетеса која што некогаш настапувала на претседателска инаугурација.
„Мишел седеше блиску до мене и слушнав дека постојано му вика на Барак, да престане да се прегрнува со луѓето“, раскажала Аманда во емисијата на Елен Деџенерис.
Сепак, и самата Мишел потоа не ги почитувала епидемиолошките мерки затоа што ја прегрнала Аманда:
„Кога го завршив својот говор, го турна сопругот и ми даде најголема и најтопла прегратка“, кажала таа.
Меѓутоа, таа ја запознала Мишел порано, но открила дека се срами од таа нивна прва средба, но не признала поради што.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа