Мистериозна болест усмрти 73 лица во Судан
Најмалку 73 лица починаа од мистериозна болест во суданскиот град Ал-Хилалија, кој е под опсада на паравоените судански сили за брза поддршка (РСФ), соопшти Синдикатот на лекарите во земјата.
Градот е еден од десетиците нападнати градови во источната држава Ел Гезира, по пребегнувањето на командантот на РСФ Абуагле Кеикал, што предизвика одмазднички напади во кои се раселени повеќе од 135.000 луѓе од регионот, објави Ројтерс.
Неименуваниот маж изјави за Ројтерс дека тројца членови на неговото семејство починале од истата болест, но дека дознал дури неколку дена подоцна од другите членови на семејството кои побегнале во област со пристап до интернет.
Според продемократските активисти, опсадата на Ал Хилалија започна на 29 октомври, кога РСФ изврши рација во градот.
Ал Хилалија е домот на семејството на пребегнатиот командант на РСФ Абуагле Кеикал, што според локалните жители ја објаснува опсадата на градот, кој порано бил стабилен трговски центар, со околу 50.000 луѓе.
Војната меѓу двете завојувани страни создаде хуманитарна криза, а повеќе од 11 милиони луѓе се раселени.
Додека голем број луѓе во другите делови на Гезира беа убиени од гранатирање и истрели од РСФ, во Хилалија пациентите ја преплавија локалната болница со симптоми на дијареа, но недостатокот на електрична енергија го отежна утврдувањето на точната причина, за ваквата здравствена состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа