Митева: Дали автобусот на „Беса Транс“ воопшто можел да добие лиценца?

За автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема одговори, а секојдневно се појавуваат нови дилеми. Јавноста се уште нема добиено одговори на прашањата кои се од јавен интерес, кој не засегаат сите нас, а обврска на власта е да даде одговори. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до Инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не  направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс? - праша портапролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева

Дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните? Повторно бараме одговор на прашањето дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите?

Дополнително, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување директорот Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година па јавноста треба да слушне одговор дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите?

Конкретниот автобус 135 пати ја поминал границата без лиценца за меѓународен транспорт. Дали е вистина дека автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно за повеќе од 10% над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација - атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт?

Срамно е што во јавноста луѓето кои се поставени од СДСМ и владата сметаат дека не е виновна корупцијата на институциите во случајот со фаталната сообраќајка, туку луѓето кој не ја забележале корупцијата.

Обидувањето да се прикријат сопствените пропусти и неспособноста со насочување на вината кон луѓето е уште начин на кој функционира коалицијата СДСМ-ДУИ. Повеќе од неопходно е јавноста да ги добие одговорите и конечно власта да понесе одговорност.

29.11.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега