Млад дилер од Валандово падна во рацете на полицијата
Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода В.М.(27) од село Раброво, валандовско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, најверојатно амфетамин, марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, против В.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
17.10.2024 - 13:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа