Млад скопјанец заврши зад решетки - полицијата му пронајде дрога


Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Л.(28) од Скопје. Претходно, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволената трговија при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана, неколку пакувања бела прашкаста материја, таблети, дигитална вага, куршуми, пари и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по што бил изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

12.09.2024 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега