Младо момче и двајца малолетници фатени како користат марихуана на концерт

18-годишно момче, двајца малолетници и еден маж користеле марихуана за време на музичка манифестација. Полицијата ги фати на дело. 

- На 26.07.2024 во 23.00 часот, по преземени мерки и активности, на Градскиот стадион во Виница за време на одржување на музичка манифестација, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.Г.(44) од село Градец, виничко, а ги привеле С.Х.(18) од Виница и двајца малолетници од Виница и Струмица затоа што биле затекнати како користат марихуана. Со нив бил извршен службен разговор, во кој за малолетниците присуствувал и социјален работник од Центарот за социјална работа Виница, информираа од полицијата. 

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

27.07.2024 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега