Многу високи температури деформираа дел од пруга во Хрватска

 

Многу високите температури изминатите денови деформираа дел од пругата на релација Оштарије – Книн – Сплит, но штетата набргу беше санирана.

Работниците на хрватските железници веднаш излегоа на терен. Додека пругата се санира, патниците се превезуваа со автобуси.

По неколкучасовна работа, делницата повторно беше пуштена за сообраќај.

18.07.2024 - 16:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега