Мнозинството жители на ЕУ веруваат во победата на Украина

 

 Мнозинство жители на ЕУ - 61 процент - веруваат дека Украина ќе победи во конфликтот со Русија, според истражувањето спроведено од германската фондација Бертелсман. 

Германците се повеќе скептични од просекот, а 55 отсто од нив веруваат во победа на Украина. 

Во анкетата на 13.300 лица, 68 отсто од испитаниците се согласуваат со изјавата дека „нападот врз Украина е напад врз цела Европа“. Дури 79 отсто од Полјаците и 78 отсто од Шпанците се согласуваат со таа изјава. 

Во однос на финансиските и економските санкции наметнати на Русија, само 40 отсто од испитаниците веруваат во нивната ефикасност, а најмалку се убедени Германците, само 35 отсто од нив. 

Околу 66 отсто од испитаниците „главната одговорност“ за војната ја припишуваат на Русија, 11 отсто сметаат дека Американците се виновни за војната, а пет отсто од нив подеднакво ги обвинуваат Украина и НАТО. 

Полска повторно се отцепува од остатокот на ЕУ, а 88 отсто од Полјаците сметаат дека Русија е главниот виновник за војната. Од друга страна, 54 отсто од Италијанците сметаат дека Русија е виновна за војната, а 23 отсто од нив ги обвинуваат САД или НАТО. 

16.02.2023 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега