МНР го организира транспортот на посмртните останки на инфлуенсерката Маја Јанеска
Се огласија службите од Министерството за надворешни работи во врска со смртта на инфлуенсерката Маја Јанеска. Оттаму велат дека работат на тоа да ги транспортираат посмртните останки.
„По добиените информации за почината државјанка на Република Северна Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан.
Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава“, велат од МНР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа