Моментот кога паѓаат вагоните- Камерите ја снимија ужасната несреќа во Мексико Сити (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа, а 70 се повредени кога се сруши надвозник на метрото во Мексико Сити, но се стравува дека бројот на загинати не е конечен.

Ужасот бил сниман од сигурносна камера. Се е нормално, се додека возот не стигнува до местото на несреќата, по што еден од столбовите попушта, а возот се крши на половина и паѓа врз автомобили.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, на Твитер напиша дека пристигнала на местото на несреќата.

Несреќата се случи на метро линијата број 12, која беше изградена додека сегашниот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега