Моментот на спасување снимен на камера: Куче 60 часа било заробено под урнатини во Турција

Спасувачите во Хатај, Турција, успешно извлекоа мало куче од урнатините на срушена зграда по катастрофалниот земјотрес што го опустоши регионот на почетокот на овој месец, а целото спасување било снимено на камера.

Видеото на кое се гледа кученцето Памбук, кое поминало 60 часа заробено во урнатините, стана вирално. Слаткото бело куче трпеливо чекало додека спасувачите го извлекувале од урнатините од каде претходно го извлекле неговиот сопственик, кој веднаш бил пренесен во болница.

Памбук веднаш доби храна и вода и благодарно и малку збунето гледа околу себе.

Инаку, нешто порано, по 55 часа во урнатините во провинцијата Хатај е спасено друго куче. Меѓутоа, за разлика од Памбук, тој бил толку исцрпен што веднаш морал да прими инфузија.

20.02.2023 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега