Мостот „Беласица" утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности
ЈП „Улици и патишта" - Скопје известува за привремен сообраќаен режим утре на мостот „Беласица", каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности.
-Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие.
ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до завршување на градежните работи.
23.12.2023 - 14:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа