Mozzart главен покровител на изборот на ракометниот ALL-STAR тим во Македонија за сезоната 2022/2023
По завршувањето на сезоната во машката ракометна Супер лига во Македонија, единствениот македонски специјализиран спортски портал за ракомет, www.24rakomet.mk на свечена манифестација во Скопје го прогласи најдобриот тим на сезоната (Аll - STAR тимот), а официјален поддржувач на изборот годинава беше регионалниот лидер во приредување игри на среќа, компанијата Mozzart.
И претходните години, 24ракомет и Mozzart заеднички реализираа неколку проекти поврзани со ракометот, а овојпат компанијата се јавува и како главен покровител на изборот на ALL-STAR тимот во Македонија за сезоната 2022/2023.
Најдобрите во секоја категорија добија статуетка во форма на звезда што го симболизира нивниот придонесе сезонава, како и тоа дека тие се една од звездите што ја одбележа оваа 2022/2023 сезона.
„ Изборот и самата манифестација на доделување на статуетките на најдобрите во сезоната 2022/2023 е исполнување на нашата заложба да го валоризираме трудот што го вложуваат спортистите во текот на сезоната, и овие звезди што ги добиваат да бидат мотив и во иднина да го даваат својот максимум. Голема благодарност за Mozzart што е наш партнер и заеднички ја организиравме оваа свеченост која се надевам во иднина ќе биде традиција”, изјави Горан Антевски, претставникот на 24ракомет.
All - Star тимот за сезоната 2022/2023 го сочинуваат: голман - Урбан Лесјак (Еурофарм Пелистер),лево крило - Дејан Манасков (Вардар 1961),лев бек - Филип Талески (Вардар 1961),среден бек - Страхиња Симиќ (Тиквеш),десен бек - Мартин Серафимов (Алкалоид), десно крило - Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), пикер - Владимир Бојаниќ (Охрид), тренер - Александар Јовиќ (Еурофарм Пелистер), дефанзивец - Томче Стојановски (Бутел), млад играч - Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер)
Кога станува збор за спортот и спортските настани во Македонија, Mozzart е секогаш тука истите да ги помогне и поддржи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа