„Мртов пијан“ се качил на мотор: Полицијата приведе кумановец
На 12.09.2025 во 01:00 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(34) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,20 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа