МТСП: 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани

 


Земајќи го во предвид Решението за распишување на избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14та владина седница - 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани!

Како министерство препорачуваме до сите институции и работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија да ги спроведат заклучоците од Владата за неработните денови со цел секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во којашто е регистриран.

09.04.2024 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега