Му се слошило и паднал на сцена - популарниот турски пејач почина на концерт
На 59-годишна возраст почина пејачот Метин Аролат, голема турска ѕвезда. Во текот на настап во хотел во Истанбул, Аролат ненадејно паднал додека пеел.
Метин Аролат беше многу популарен во Турција, а ненадејно починал на настап во Истанбул.
Пејачот паднал во текот на концертот, а присутните веднаш притрчале да му помогнат, но, за жал, не можеле да го спасат.
Менаџерот на пејачот откри дека причина за смртта е срцев удар.
23.09.2024 - 09:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа