Муцунски: Да ги направиме празниците поубави, новогодишната магија пристигна во Аеродром

 

Општина Аеродром е украсена со новогодишни светилки и декорации, со што празничната атмосфера стигна на улиците во овој дел од градот.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна информираше дека по примерот на поголемите општини и градови, во текот на изминатите денови заврши украсувањето на општината кое Аеродром го реализираше со сопствени средства.

Сите поголеми паркови и поважните места, локации кои се во надлежност на општината, сега се украсени со новогодишни светилки и празнични декорации.

„Да ги направиме празниците поубави и да уживаме во новогодишната магија и во Аеродром“, напиша Муцунски на својата Фејсбук страна и истакна дека по минатогодишната пауза поради енергетската криза, оваа година празничната атмосфера повторно се доближува до граѓаните.

„Празничната атмосфера ја доближуваме до граѓаните и внесуваме дополнителна радост и позитивна енергија во секојдневното живеење“, истакна Муцунски, кој воедно ги покани граѓаните на новогодишниот настан на храна, вино и вода што ќе одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авион“.

 

23.12.2023 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега