Муцунски: Инвестираме во два капитални проекти со кои решаваме децениски проблем

 

 

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејзбук профил објави дека општина Аеродром на почетокот на 2024 година ќе инвестира во доградба и надградба на детската градинка „Изворче“, како и доградба и надградба на основното училиште „Блаже Конески“.

- Станува збор за капитални проекти со кои решаваме децениски проблем и чија главна цел е да го олеснат, подобрат и унапредат живеењето во општината, напиша тој.

- Граѓаните на Аеродром се во фокусот на нашето работење, а решавањето на предизвици и проблемите најважен приоритет. На почетокот на следната година започнува постапката за реализација на овие проекти, а на крајот на првиот квартал започнуваат и градежните зафати, стои во објавата на Муцунски.

26.12.2023 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега