Муцунски ја пречека Беате Мајнл-Рајсингер: Австрија е наш близок партнер и најголем инвеститор

 


Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски посака добредојде за австриската министерка за европски и меѓународни работи, Беате Мајнл-Рајсингер, во Скопје. Тој истакна дека негова чест е да ја пречека неговата ценета колешка, а посетата е уште една потврда за блиските и стабилни односи меѓу двете држави и за довербата која се гради долги години.

„Односите меѓу двете земји се одлични – политички конзистентни, економски силни и исполнети со заемна почит и поддршка. Австрија е најголем странски инвеститор, што говори за длабочината на нашата економска соработка и за довербата во институциите. Особено ја цениме принципиелната и континуирана поддршка за европската интеграција на нашата држава и на целиот регион. Како носител на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, Австрија игра клучна улога во одржување на политиката на проширување високо на агендата на Европската унија“, истакна Муцунски.

Муцунски изрази искрена благодарност за брзата реакција и несебичната поддршка по трагичниот настан во Кочани, кога македонски граѓани беа згрижени и лекувани во болници во Виена и Грац, гест кој длабоко се цени.

Тој заклучи дека во време на глобални предизвици, координацијата и солидарноста меѓу партнерите се неопходни, и дека Северна Македонија и Австрија стојат заедно на страната на мирот, почитувањето на меѓународното јавно право и одбраната на основните демократски вредности.

16.05.2025 - 12:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега