Муцунски на аеродром ја дочека Фон дер Лајен: И подари букет
Утрово на скопскиот аеродром министерот за надворешни работи ја дочека претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен. Фотографирани се на црвениот тепих, а претседателката сосебе го носи и букетот, кој и го подари шефот на македонската дипломатија за да и посака топло добредојде.
„Добредојде за претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во Скопје.
Како дел од агендата во земји од Западен Балкан, утрово во работна посета на Скопје пристигна претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен. Пред нас е динамична агенда, исполнета со важни работни средби.
Посетата од страна на високиот претставник на Европската Унија е потврда за проевропската ориентација на владата и доказ дека нашата иднина е тесно поврзана со иднината на европското семејство“, напиша Муцунски на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа