Муцунски на средба со Сјарто во Унгарија

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, денес на покана на неговиот унгарски колега Петер Сјарто престојува во работна посета на Будимпешта. 

Централни теми во разговорите на министрите се очекува да бидат тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и во тој контекст, недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година. По средбата на двајцата Министри, предвидена е прес-конференција за медиумите – се вели во соопштението кое утрово го испрати македонското Министерство за надворешни работи.


06.09.2024 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега