Муцунски се сретна со претставници на Обединетата македонска дијаспора

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил работна средба со претставници на „Обединетата македонска дијаспора“, на која покрај претседателот Мето Коловски, присуствувале и заменик претседателот, Александар Митрески и одговорниот за Европа, Горан Јорданов.

Двете страни, како што соопшти Министерството, изразиле заемно задоволство од средбата која, како што истакнале е во насока на зајакнување на врската помеѓу нашата земја и дијаспората, која несомнено придонесува за  застапување на македонските интереси, меѓународна афирмација на земјата и промовирање на македонските вредности, идентитет и култура.

Од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски било нагласено дека новата Влада и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија посветуваат сериозно внимание на негување на врските и грижа за унапредување на положбата и правата на Македонците надвор од државата, унапредување на процесот на изучување на македонскиот јазик, како и подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу македонските организации во странство и матичните државни институции.

Двете страни го поздравиле најавеното создавање на новата Национална стратегија за соработка со дијаспората, за која во следниот период ќе се воспостави оперативна соработка за размена на податоци.

05.08.2024 - 17:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега