Муцунски - Силвестри: Членството во Европската унија е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на Регионот и на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

На средбата, беа поздравени традиционално блиските пријателски и партнерски односи кои нашата држава во изминатите три децении успешно ги развиваме, а воедно беше искажана и натамошна посветеност за интензивирање на билатералната соработка и меѓусебниот политички дијалог.  

Министерот Муцунски упати голема благодарност за силната поддршка од Италија за што поскоро заокружување на европската интеграција на земјава, како и поддршката за реформските процеси. 

Соговорниците го реафирмираа нивниот став дека членството на нашата земја во Европската унија е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на Регионот и на Европа во целина, со очекување дека земјава ќе продолжи посветено да ги реализира зацртаните реформи во овој контекст.

28.06.2024 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега