МВР: Доколку не можете да излезете од државата поради пасош со „Република Македонија“ побарајте писмено известување за причините

 

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека и официјално е продолжен рокот на возачките дозволи до крајот на годината.

 

-Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија, дека согласно Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ на 12.02.2024 година, рокот за замена на регистарските таблици кои ја содржат ознаката „МК“ и на регистарските таблици кои немаат никаква ознака или ставање на налепница на која е испишана ознаката „НМК“ се продолжува најдоцна до 31 декември 2024 година, велат од МВР.

 

Но Министерството ги советува граѓаните да побараат писмено известување за причините доколку поради пасош со старото уставно име „Република Македонија“ не им се дозволи да ја напуштат државата.

 

и информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез, велат од МВР.

 

13.02.2024 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега