МВР потврди: Крим полиција спроведува акција во МВР

 


Министерството за внатрешни работи потврди дека се спроведуваат претреси во зградата на МВР.

„Ве информираме дека од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР.“ – се вели во нивното соопштение.

Како што веќе објави Press24 МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Во тек се претреси во зградата на Министерството. Според нашите извори, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила. Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.

Според информациите, акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност. Истовремено, претреси се вршат и во повеќе добро познати автосервиси кои претходно со години ги сервисирале возилата.

05.02.2025 - 11:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега