МВР руши рекорди: Викендов над 2300 казни - по една на секоја минута

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека за време на викендот санкционирани се 2324 лица за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната брзина на движење, додека пак за неправилно паркирање евидентирани беа 271 прекршок, како и 191 прекршок заради управување на возило без возачка дозвола. Покрај ова евидентирани се и 92 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, заедно со 105 возачи на мотоцикл кои што не носеле заштитна кацига, а 45 санкции се изречени за користење на мобилен телефон при возење. Исто така, 78 возачи се отстранети од сообраќај за возење под дејство на алкохол, а 16 минале на црвено семафор“, велат од МВР.


 

Од полицијата додаваат дека во врска со прекршоците од Законот за возила од сообраќај се отстранети вкупно 64 возила од кои заради техничка неисправност осум а заради неважечка сообраќајна дозвола 56 возила.

Од МВР посочуват дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

14.04.2025 - 11:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега