МВР со детали за запалениот глисер во Охридското Езеро

 


Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка  „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар.

Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина. Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П.(24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош.

По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа. Глисерот е одземен за понатамошни вештачења.

30.06.2025 - 15:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега