МВР: Спроведена уште една од низата успешни акции во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога
Министерството за внатрешни работи ја демантира дезинформацијата која, како што велат, ја шират неколку интернет портали за некаква поврзаност на вработен во МВР со дрогата која беше пронајдена вчера при претрес во подрумски простории во зграда во скопската населба Автокоманда.
- Станува збор за класична лага. Дрогата е пронајдена во координарана акција на повеќе организациски единици на МВР и тоа во узурпирани подрумски простории, при што е приведен сопственикот на дрогата, односно сторителот на кривичното дело, се вели во соопштението.
Од МВР посочуваат дека за акцијата е објавено и соопштение со фотографии од запленетата дрога.
- Спроведена е уште една од низата успешни акции во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога, но очигледно е дека некому му пречат ваквите успешни акции и се обидува со вакви лаги да го наруши угледот на полициските службеници. Апелираме да не се шират дезинформации, стои во соопштението од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа