МЗ регистрираше 22 починати лица како последица од Ковид-19

Министерството за здравство денеска информира дека се регистрирани 22 починати лица, како последица од коронавирусот. 

Во изминатите 24 часа починале 18 лица. Од нив, 6 починати се од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), 3 од починатите се од Струмица (71г, 73г и 87г),  по 2 починати лица има од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и  по едно починато лице е регистрирано во Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.

29.11.2021 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега