МЖСПП: Прекинат праг на алармирање во Битола и Струмица
Од Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање во Битола и Струмица.
„Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 05.01.2023г., среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“, стои во соопштението на МЖСПП испратено утрово до медиумите.
06.01.2023 - 11:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа