На 93 години се ожени космонаутот Баз Олдрин -„Возбудени сме како тинејџери“

 

 

Познатиот космонаут Баз Олдрин, пилотот на мисијата „Аполо 11“ и вториот човек кој чекорел на Месечината по Нил Армстронг во 1969 година, на својот 93-ти роденден по четврти пат стапнал на лудиот камен.

„Возбудени сме како тинејџери кои побегнале од своите родители за да се венчаат“, напиша Олдрин на Твитер.

На 20 јануари, космонаутот се ожени со својата долгогодишна избраничка, докторката по хемиски инженеринг Анка Фаур, извршен потпретседател на „Buzz Aldrin Ventures“, пренесува BBC.

„Аполо 11“ беше лансиран на 16 јули 1969 година со екипаж составен од тројца космонаути: Нил Армстронг, Едвин Баз Олдрин и Мајкл Колинс.

На 21 јули 1969 година, Нил Армстронг стана првиот човек што стапнал на Месечината, а набрзо му се придружил и Баз Олдрин.

23.01.2023 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега