На денешен ден пред 102 години починал Марко Цепенков
На 29 декември во 1920 година во Софија умрел Марко Цепенков, еден од најголемите собирачи на народни умотворби кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралните вредности.
Автор е на драмското дело “Црне Војвода”, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги повеќепати преобјавувано во Македонија.
Цепенков бил ориентиран кон сите жанрови на народното усно творештво, но сепак најмногу ги сакал приказните, цврсто уверен дека „Малите приказни голем ум даваат“!
Во вкупниот број публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5.500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.)
Роден бил во Прилеп, на 7 ноември 1829 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа