На еден ден пред патувањето на ЕП, пет члена во македонската ракометна репрезентација позитивни на Ковид 19
Петмина членови на македонската ракометна репзентација се позитивни на Ковид-19 само еден ден пред патувањето на Европското првенство. Селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на нив во првата фаза.
Позитивните лица ќе мораат да бидат пет дена во изолација, а потоа кога ќе добијат два негативни ПЦР-теста, ќе може да бидат на располагање. Според актуелните проценки, петте лица нема да бидат дел од првата фаза зашто најдоцна до 15-ти јануари ќе бидат во изолација, па прашање ќе биде каква ќе биде нивната физичка подготвеност.
Засега од РФМ немаат објавено за кого се работи, дали се тоа ракометари или членови на стручниот штаб и дали ќе биде повикувана евентуална замена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа