На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час
На граничните премини „ Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час, информираат попладнево од АМСМ.
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, се наведува во соопштението.
Од денеска до 22 овој месец поради асфалтирање од 8 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес - Градско.
12.07.2023 - 22:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа