На листата на УНЕСКО за културно наследство на човештвото вклучен е ифтар, оброкот за време на Рамазан

УНЕСКО денеска одобри вклучување на „ифтар“ – вечера за време на муслиманскиот пост Рамазан – во листата на културно наследство на човештвото.

Поради Азербејџан, Иран, Узбекистан и Турција, „ифтар“ е вклучен како „нематеријално наследство“ во областа на „социјалната и културната традиција“.

Таа одлука ја донесе Меѓудржавниот комитет на УНЕСКО за зачувување на нематеријалното културно наследство, кој од понеделникот заседава во Касане, Боцвана.

„Ифтар во муслиманските земји се одржува на зајдисонце во текот на месецот Рамазан по завршувањето на сите верски и церемонијални обреди“, соопшти УНЕСКО.

Бидејќи го означува прекинот на постот, тој обично има форма на собир или оброк, ги зајакнува врските во семејството и заедницата и промовира взаемна помош, солидарност и социјална размена, соопшти Организацијата за образование, наука и култура при ОН.

Овој обичај се пренесува во семејството, па на децата и на младите често им се доверува подготовката на храната за тој оброк.

Во неколку муслимански земји „ифтар“ може да се одбележи со јадење урма или маслинка – како во Турција, што се консумира со вода или чај. Рецептите за јадења и колачи за тој оброк многу варираат од регион до регион.

 

06.12.2023 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега