На луѓето над 40-годишна возраст овој витамин им е неопходен: Го спречува стареењето, го чува срцето и го подобрува расположението
За општо добро здравје, експертите советуваат дека неопходен ви е витаминот B9.
Поволните својства на фолната киселина докторите активно ги проучувале од 1926 година и дошле до заклучок дека таа има многубројни позитивни својства на организмот.
Витаминот Б9 или фолната киселина е важна компонента која ги започнува процесите како што е метаболизмот во човековото тело.
Таа влијае и во произведување на клетки во имуниот систем, а со самото тоа го одржува здравјето и спречува прерано стареење.
Исто така таа е неопходна супстанца за стабилно функционирање на репродуктивниот систем кај жените, па поради тоа се препорачува да се консумира во текот на бременоста и по 40 - 45 година.
Важна состојка е поради учеството во создавањето на еритроцитите, служи за нормално функционирање на мозокот, а значајна е и за менталното и емоционалното здравје. Ги спречува уморот, несоницата и депресијата.
Неодамнешно истражување покажало дека овој витамин ја поддржува функцијата на срцевите мускули.
Го поттикнува и протокот на кислород и хранливи состојки, но ја подобрува и крвта.
Човековото тело прима витамин Б9 преку храната, а во овие намирници го има во изобилство:
- спанаќ;
- грав;
- соја;
- џигер;
- пивски квасец;
- житарици;
- млеко;
- леб;
- тестенини;
- лимон.
Доза која се препорачува:
Доколку постои дефицит на фолна киселина, вообичаено треба да се консумира од 250 до 1000 микрограми дневно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа