На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

 

 

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на  фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно.

Пред штипските фирми, во салата на општина Штип, консултантите на Европската Банка, Ловре Ристевски и проф. Даме Димитровски, порачаа дека има потреба ефикасно да се искористува електричната енергија од обновливи извори, наместо во значаен дел таа да се губи.

На претставувањето во Штип, бизнисменот Кочо Анѓушев, сопственик на енергетската компанија ФРОИНВЕСТ, говореше за батериските системи како единствено решение во моментот за справување со вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаици, кој вишок производителот не може да го потроши, а електричната мрежа не може да го прими.

Анѓушев ги запозна штипските фирми за важноста на тоа дека секој кој инвестира во обновливи извори, без оглед на големината, потребно е да оди на интегрирано и комплетно решение за да има најбрз поврат на инвестицијата, и оптимало работење на електраната и на батеријата.

Поволните кредити на Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе бидат достапни преку македонските банки, по услови пропишани од ЕИБ.

05.10.2024 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега