На просторот планиран за станбени згради во Аеродром, ќе никне нов парк

 

Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5.700 квадратни метри во Реонски центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП, информираа вчера од општина Аеродром. 

-Шведска претставува најголем билатерален донатор меѓу ЕУ-земјите во нашата држава. Во посета на Аеродром вчера беше шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, која заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски направија прошетка низ општината и обиколка на локацијата на која ќе биде поставен овој парк. Градоначалникот Муцунски на амбасадорката ѝ презентираше некои од врвните приоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина, посочија од Град Скопје. 

Предвидениот парк се наоѓа на локација на која до неодамна беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а по иницијатива на градоначалникот беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5.700м2.

01.04.2022 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега