На прв поглед нема ништо лошо на оваа форографија: Седна во скутот на својот очув и започна расправија (ФОТО)
Ким Зочајак, американска ријалити sвезда која се прослави со шоу за нејзината венчавка со НФЛ играчот Крој Бурман, ги нападна луѓето кои во негативен контекст ги коментираа фотографиите на нејзината ќерка како седи во скутот на нејзиниот очув.
Сè започна кога Бирман објави фотографија на која младата 23-годишена инфлуенсерка и ќерката на неговата сопруга седи во неговиот скут на прославата на неговиот 35-ти роденден.
Станува збор за Бријела Бирман, таа го носи неговото презимето затоа што тој ја прифатил за своја ќерка откако се оженил со нејзината мајка. По објавувањето на фотографијата, се појавија многу коментари, прилично несоодветни.
„Ќерка ти не треба да седи во скутот на твојот сопруг“, беше коментарот на профилот на Ким Золчак-Бирман, кој предизвика лавина коментари.
Луѓето кои ја доведоа во прашање врската помеѓу американскиот фудбалер и неговата поќерка, речиси доведоа до расправија, а еденнегов фаннапиша: "Јас сум зачуден од овие коментари. Ако мислите дека е перверзно детето да седи во скутот на својот татко, тоа зборува повеќе за вас отколку за Бријели “.
Со „ТМЗ“ контактираше Ким Бирман-Зочајак, која даде прилично кратка и лута изјава:
"Гледајте си ја вашата работа, ме боли увото за таа приказна. Вие сте толку болени и изопачени што одите во таа насока. Ужасно е", одговорила повредената мајка.
Бријела Бирман е прилично контроверзна млада дама, веќе на 18-годишна возраст откри како направила многу козметички операции. Таа го пофали својот очув како „најневеројатниот татко на светот и најдобар човек што некогаш ќе го запознае“, со додаток: „Многу се забавувавме вчера заборавив да ја објавам. Те сакам тато“.
Таа ги коментираше и луѓето кои сметаат дека има нешто „чудно“ меѓу нив.
"Одвратно е, тоа е проблемот. Тој е прекрасен човек и татко. Јас дури и не ги блокирам луѓето кои пишуваат такви работи затоа што нема да запрат", напиша младата инфлуенсерка.
Ким и Бриман се запознале во 2010 година на хуманитарна акција, а се венчале една година подоцна.
Тие двајцата имаат заедно три сина, а некогашниот НФЛ играч добиил дозвола да ги посвои двете ќерки на Ким од првиот брак и двете денес го носат неговото презиме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа