На Табановце и Богородица за излез од државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце и ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 1 час.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од настанатите поплави на 14.06.2003 година во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.
Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.
Од 03.7.2023 ќе се започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга – Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 – асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целсно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.7.2023 г.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа