На Ванковска и фалат под 1.000 потписи на Јакимовски скоро 2.000

Нешто под 1.000 потписи и фалат на професорката Билјана Ванковска за да стигне до борјката од 10.000 и да се вклучи во претседателската трка. Според информациите од ДИК, таа заклучно со вчерашниот пресек, односно до 20 часот вчера имала собрано 9.085 потписи. 
Добро напредува и Стевчо Јакимовски. Тој до вчера според податоците од ДИК собрал 6.462 потписи но веројатно тука не се вкалкулирани потписите собрани на нотар, а Јакимовски ги има прилинчно многу па вкупната бројка му стига до 8.048 како што и самиот објави на социјалните мрежи. 
Од останатите кандидати речи си никој нема шанси да добие кандидатура ако продолжи со ова темпо. Единствен над 1.000 е докторот Вело Марковски кој има 1.077 а Мерсиха Самиловиќ има 977. Останатите кандидати се со под 500 потписи.


29.02.2024 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега