Над 30 дронови се упатија кон Украина: Русите таргетираат повеќе локации

Во текот на ноќта руските вооружени сили лансираа 31 беспилотно летало и две проектили на југот на Украина, а украинскиот систем за противвоздушна одбрана собори 28 беспилотни летала, соопшти Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.

„Беспилотните летала беа соборени над регионите Одеса, Херсон, Николаев, Доњецк, Кировоград и Хмелницки, а беа лансирани од Крим“, пренесува Ројтерс.

Воените и цивилните власти не пријавиле штета или жртви.

25.12.2023 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега