Најдобар начин како туш кабината да ви изгледа како нова – Трик кој ги брише и најлошите дамки
Многу модерни бањи имаат туш кабини, но бигорот, влагата и мувлата се задржуваат и ни создаваат проблеми при чистење.
Отстранувањето на тврдоглавите дамки од елегантните туш кабини може да биде незгодно, затоа ви носиме неколку трикови кои сигурно ќе ви помогнат:
Истурете чаша дестилиран бел оцет во сад и загревајте 30 до 45 секунди во микробранова печка. Истурете го загреаниот оцет во шише со спреј. Додадете неколку капки течност за миење садови.
Попрскајте од течноста почнувајќи од врвот и оставете ја да делува најмалку пет минути. Исплакнете ја стаклената врата и избришете ја со мека крпа од микрофибер.
Напомена: Не користете сунѓер со груб дел! За тврдоглави дамки ставете повеќе оцет и почекајте.
Дополнителни совети: Наместо оцет, можете да истурите сок од лимон, кој добро ќе ги исчисти дамките, но бидете внимателни ако подот е направен од природен камен.
Чистење со сок од лимон може да се примени ако не станува збор за тврдоглава дамка. Поминете ја вратата, исплакнете добро со вода и исушете ја со мека крпа.
Туш кабината ќе биде чиста подолго ако ја чистите и сушите вратата со мека крпа по секоја употреба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа