Најголемото понижување за Камила Паркер: Откриени што ѝ направила кралицата
Според правилата на кралското семејство, синот на кралицата Елизабета, 71-годишниот принц Чарлс би требало да биде крунисан за крал на Англија кога неговата 94-годишна мајка поеќе не би имала сила да ги обавува своите должности. Но, во дворецот веќе некое време се шушка дека кралицата ќе направи исклучок од правилата и ќе го именува принцот Вилијам за крал, а неговата сопруга Кејт за кралица, бидејќи таа лично ги смета за подобри владетели од принцот Чарлс и неговата 73-годишна сопруга Камила Паркер.
Сега е познато и дека кралицата својата одлука ја наговестила со тоа што на Камила однапред и го одземала правото да стане кралица еден ден во случај принцот Чарлс да биде крунисан, пишува магазинот Globe.
Наместо тоа, како што вели добро упатен извор од кралското семејство, кралицата одредила дека Камила ќе стане тн. „принцеза пратителка“ која ужива значително помала чест и привилегии од кралицата, со што на Камила и ги одзема правата кои би и дале моќ над останатите членови на семејството.
Со оглед дека на Камила најголема желба во животот и била еден ден да стане кралица, со овој потег Елизабета и задала огромен удар. Камила била лута и целосно понижена и порабала од Чарлс тој да разговара со својата мајка и да ја убеди да ја промени одлуката, наведува изворот.
„Ја боли тоа што кралицата Елизабета за неа измислила титула која никогаш претходно не е користена во кралското семејство и што и ги одземала правата кои би и дале моќ над останатите членови од семејството. Но, сопругата на Чарлс нема да го прифати тоа така лесно, бидејќи повеќе од било што сака некогаш да биде кралицата Камила“, изјави изворот. Сепак, британскиот дворец овие наводи досега ниту ги потврди ниту ги демантираше.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа