Најмалку 107 загинати во човечко стампедо на верски собир

 

Во стампедо на верски собир во малиот град Катрас, во најнаселената индиска држава Утар Прадеш, загинаа над 107 лица, додека над 150 се повредени, меѓу кои голем број жени и деца, јавуваат индиските медиуми.

Во Катрас редовно се одржува религиозен настан посветен на хинду богот Шива. Стампедото се случило кога завршувал овогодинешниот верски собир.

„Досега во болницата Етах се примени 107 безживотни тела. Повредените се уште не се донесени во болница. Истрагата е во тек, како и идентификацијата на жртвите“, изјави локален функционер.

Тој изрази загриженост дека е можно билансот на жртвите да не е конечен.

Јоги Адинат, претседател на Советот на министри во Утар Прадеш, им нареди на службите за итни случаи да ја забрзаат испораката на помош.

02.07.2024 - 19:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега