Нaјнова студија: Младите можат да имаат сериозни оштетувања на органите по прележан Ковид-19

 

Според истражување спроведено од седум универзитети во Велика Британија, младите хоспитализирани поради Ковид-19 се во подеднаква можност да им се искомплицира здравствената состојба како и на луѓето постари од 50 години.

Четири од 10 лица на возраст меѓу 19 и 49 години имале проблеми со бубрезите, белите дробови и другите органи за време на лекувањето, јави Би-Би-Си.

Студијата вклучува 73.197 лица во 302 болници во Велика Британија за време на првиот бран на коронавирусот во 2020 година.

„Пораката е дека ова не е болест што ги погодува само постарите лица и ранливите“, рече професорот Калум Семпл, кој го водеше истражувањето.

 

Тој додаде дека Ковид-19 не е обичен грип и дека се забележани компликации кај многу млади луѓе, а некои од нив имаат потреба од третман на оштетени органи дури и по прележана инфекција.

16.07.2021 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега