Најотровните билки на светот - една од нив ја има речиси насекаде
На светот постојат илјадници билки отровници, меѓу кои има и такви кои се многу опасни за луѓето.
Меѓу билките опасни за луѓето постојат дури и такви кои често можеме да ги видиме како саксиски билки кои се чуваат во станови, или градинарски билки, кои мислиме дека добро ги познаваме.
Кукута
Растението Кукута својата светска слава ја стекнало на најсуров можен начин - тоа уште во древна Грција служело за правење на отров за егзекуција. Веројатно најпознатата жртва на оваа билка бил Сократ, грчки филозоф, на кого му било пресудено сам да си одземе животот со пиење на отров.
Иако билката содржи неколку отровни материи, најмоќен и најсмртоносен отров е конин, кој во доволни дози може да предизвика парализа на срцето и белите дробови. Кукута во главно расте во Европа и Северна Америка и Африка.
„Abrus precatorius" (Крабино око)
Абрус има потекло од Индонезија, каде неговите црни, црвени и бели бобинки често се користат за изработка на перкусии и накит. Овие семки не произведуваат само добар звук...тие се и многу опасни поради отровната супстанца абрин која што ја содржат.
Само една семка од оваа билка може да биде фатална за луѓето. Сепак, за среќа, оваа семка само "минува" низ човековиот организам, а фатална е кога се џвака.
„Nerium oleander"
Олеандерот е вброен меѓу најотровните билки на планетата, а шансите да сте се сретнале со него се големи бидејќи е популарно саксиско растение.
Оваа билка може да биде многу убава, но само за гледање. Џвакање на листот, стеблото или цветот може да биде фатално, па оваа билка треба да се држи подалеку од децата и домашните миленици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа