Најстарото куче во светот живее на фарма во Португалија

 

 

Боби, роден на 11 мај 1992 година, е чистокрвен рафеиро до алентехо, мажјак за кого се грижи Лионел Коста од Конкирос, село во јужна Португалија.

Во февруари 2023 година Боби беше прогласен за најстарото куче на светот од Гинисовата книга на рекордите. Единственото куче што доживеало 30 години неодамна прослави уште еден роденден.

На 11 мај 2023 година Боби наполни 31 година. Неговиот сопственик, Лионел Коста, изјави за Гинис дека роденденот бил обележан со традиционална португалска забава. Над 100 луѓе присуствувале на забавата на која настапила и танцова трупа.

Сопственикот изјави за Гинис дека Боби ужива големо внимание по крунисувањето за најстаро куче на светот.

„Имавме многу новинари и луѓе доаѓаат од целиот свет да се фотографираат со Боби“, рече тој.

Боби е чистокрвен Rafeiro do Alentejo, раса на португалски кучиња тренирани да чуваат добиток. Како што старее, има тешкотии со одењето, а исто така и слабеење на видот, открива неговиот сопственик.

„Боби е посебен затоа што, гледајќи во него, е како да се сеќаваме на луѓето што беа дел од нашето семејство, а за жал, повеќе не се тука, како татко ми, брат ми или моите баба и дедо, кои веќе го напуштија овој свет“. вели Лионел.

Португалскиот мастиф е раса на кучиња чувари со просечен животен век од 12 до 14 години. Во регионот на Алентехо тие се популарни меѓу сопствениците на фарми со векови.

02.10.2023 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега